July 18, 2024

Никој никогаш не бил подготвен за смртта на своите родители. Тоа е удар кој ви го менува животот засекогаш

Колку и да не сакаме да го замислуваме, но тој ден ќе се случи – ќе останете без родители. Ќе се чувствувате како да ја губите нишката со животот, со мудроста. Ќе мора да се навикнете на идејата дека отсега сами ќе ги решавате сите ваши проблеми.

Еве 10 работи што се случуваат кога ќе ги изгубите родителите:
Сега мојот телефон е секогаш при рака. Последен пат кога го оставив телефонот во чантата, пропуштив повик од мајка ми. Тоа беше нејзиниот последен повик до мене, а јас не одговорив.

Првите шест месеци чувствував физичка болка по целото тело. Дури и повраќав од тага.
По смртта на двајцата родители, воопшто не останав во контакт со семејството. Едноставно беше тешко да се одржат семејните врски, бидејќи главната нишка што не поврзуваше беше прекината.

Не можам да си простам за фактот дека мојот син ретко ги гледал баба и дедо. Го обожаваа, но само јас бев крив што не направивме се за да се гледаме почесто.

Никогаш не ги обвинувајте родителите за она што го направиле или не. Кога ќе станете член на Деца без родители, без разлика колку години имате, ќе се каете за секој збор што сте им приговориле на родителите додека биле живи.

Сега сфаќам колку е глупаво целото изгубено време што го барав некаде, а можев да бидам до моите родители.

Никој никогаш не мисли дека ќе дојде моментот кога неговите родители ќе умрат. Наместо сега да размислувате за тоа, вие јавувете им се на родителите. Нека зборуваат за сите тие ситници што ги мачат овие денови. Верувај ми, овие муабети се лековити и за тебе и за нив.

Болката од губење на родител можат да ја разберат само оние кои ги изгубиле своите родители. Никој повеќе не може ни да разбере низ што си поминал.

Иако поговорката вели дека времето лечи се, тоа во овој случај не е точно. Понекогаш ќе се разбудите и ќе почувствувате дека оваа голема загуба ви се случила токму сега.

Подгответе се за ненадејни изливи на љубомора секогаш кога ќе ги видите вашите пријатели како седат и пијат кафе со своите родители. Ова се моменти кои никогаш повеќе нема да ги доживеете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *