February 25, 2024

Некои велат дека тоа е суштината на љубовта, додека други се прашуваат зошто воопшто треба да го каже ова. А вие, што мислите?

Често сум видел луѓе кои имаат старо или болно милениче лесно го заменуваат со ново. За жал, тоа им се случува на многу луѓе. Ви здосадува вашиот „истрошен“ партнер, па лесно можете да го замените со подобар, помлад, поубав… Така не функционира.

Умот на зрел и добар човек нема да одбие домашно милениче само затоа што не е слатко како порано или затоа што има повеќе работа околу него.

Истиот принцип е и кај луѓето. Тоа што вашата жена остарела, се здобила со брчки и ја изгубила убавината не значи дека треба да најдете замена. Секогаш имајте на ум низ што сте поминале заедно и колку среќа, помош и љубов ви дала во животот. Не можете само да замените некого.

Ниту животно, а камоли човек. Мојата сопруга не е ниту убава, ниту згодна, ниту млада како порано. Нејзината кожа не е мека како порано, веќе нема напнати мускули како млада девојка и не е еластична. Имав можност да ја изневерам и со помлада и со поубава …

Но, јас ја прекинав секоја можност за тоа од корен. Не дозволив да ми пријде, а ни секунда не помислив на нив. Затоа што од првиот ден од бракот со неа го кажав она што го мислам и денес. Други можеби ја имаат целата убавина на овој свет, но никогаш нема да го имаат она што го има мојата сопруга…

Приказна помината со мене … Приказна за подеми, падови, плачење, хистерија, бакнување, гушкање… Сите заедно поминавме низ доброто и злото. Заедно остаревме и заедно ќе ја напуштиме оваа планета – онака како што нè создаде природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *