February 23, 2024

Пензионерите незадоволни од висината на покачувањето на пензиите. Велат, со 1000 денари не може да се наполни ниту една прехрамбена кошничка во супер маркет, а не пак да се помине цел месец. Згора на тоа, поради повисоките сметки за струја, режиските трошоци се скоро двојно зголемени.

Да отидеш да пазариш, 2000 денари ќе потрошиш, а што ќе донесеш. Тоа ли е покачување? „Лижеме“ ги парите, ги даваме за лекови.

Јас вчера оставив 3000 денари во аптеката, а 15 000 земам пензија. Дали да се плати вода, дали струја, дали други проблеми.

Мене ми е чудно, велат, инфлацијата како ќе расне, како ќе се покачуваат цените, како ќе растат платите, така ќе се усогласуваат пензиите.

А сега гледам и министерката за труд и социјална политика и Премиерот велат 6% во март ќе има покачување, а 16 % за цела година. Оди бегај..
Ништо не е тоа покачување, инфлацијата „изеде“ се…

Ќе ни биде мило ако дојдеме до 20 000 денари, така може ќе има едно животче, ако нема, за нас старите повеќе ќе нема живот.

Според новата методологија, пензионерите со најниски примања добија покачување од 699 денари, додека на оние со просечна пензија од 15 000, на сметка им легнаа по плус 1020 денари.

Извор/sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *