June 25, 2024

Дали водата од чешма е опасна за пиење и како да дознаете?

Иако во последниве години се повеќе се купува вода или користат мини домашни филтри за нејзино прочистување, сепак огромното мнозинство наши сонародници пијат вода од чешмата. За квалитетот на таа вода постојано се дебатира во медиумите, но и кога е бактериолошки исправна, во неа има состојки кои можат да му наштетат на здравјето.

Експертите посочуваат дека квалитетот на водата се разликува во различни региони. Најчеста карактеристика на водата од чешма, без разлика од кој дел е, е тврдоста. Оваа вода содржи вишок на соли на калциум и магнезиум, кои влијаат на формирањето на камења во бубрезите и мочниот меур.

Од друга страна, пиењето претерано мека вода, која нема доволно минерали, доведува до разредување на коскеното ткиво и расипување на забите. Во големите градови може да настане проблем во системот за прочистување кој влијае на составот на водата, па во неа се појавуваат хлор и железен оксид кои се опасни за организмот.

За да се утврди присуството на штетни материи во водата, експертите советуваат претходно да се вари. Ако во него брзо се формира бигор, тогаш содржи вишок на соли на калциум и магнезиум.

Црвеникавата нијанса е вишок на железен оксид. Речиси целосното отсуство на наслаги во садот за готвење што се користи со години може да укажува на ниска содржина на минерали во водата, заклучуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *