April 13, 2024

Уште еден необичен начин да се разоткрие прељубата. Неодамна имавме можност да ја слушнеме приказната за една девојка која го фати своето момче како изневерува благодарение на разглас, и дали ќе ви падне на памет дека и водоинсталатер може да ви помогне? Или одмогни, се зависи.

Токму вака маж дознал дека сопругата го изневерува. Го повикал водоинсталатерот затоа што тоалетната шолја била затната некое време и не знаел дека неговите зборови ќе му го променат животот.

„Забележавме дека тоалетната шолја не е како порано, дека водата потешко се испушта и дека фекалиите се враќаат назад. Бев шокиран кога ми кажа дека проблемите настанале поради искористените кондоми кои ги блокирале одводите, а тој ми се насмеа мислејќи дека сум го направил тоа. Ми рече никогаш повеќе да не го правам тоа“, рекол мажот.

Како што вели, притисокот „му скокнал за секунда“, бидејќи бил свесен дека не користи заштита со сопругата. Се испоставило дека одводните цевки биле затнати поради искористени кондоми, од кои имало околу 60, кои жената и нејзиниот љубовник ги фрлиле во ВЦ школката откако „се завршила работата“.

На прашањето дали мажот останал со жената со која е во брак пет години и со која има две деца, мажот откри дека и самата признала дека има љубовник. Потоа објасни дека некое време раскинале, но на крајот се смириле и денеска се заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *