April 15, 2024

Човекот кој доживеал до 110 години имал една навика која ја практикувал секој ден.

Марк Берендс наполнил 110 години, а според многумина, една од неговите навики допринела да доживее длабока старост. Имено, Марк секој ден пиел по една лименка пиво, а тоа го потврдува и Луис Бесинџер, ќерката на Марк.

Според неа, Марк постојано истакнувал дека толку живее затоа што пие по едно пиво секој ден точно во 15 часот.

Според американскиот весник за медицински науки, пивото содржи повеќе протеини и витамини Б од виното.

Пивото има иста количина на антиоксиданси како виното, но специфичните антиоксиданси се различни бидејќи јачменот и хмељот содржат различни видови флавоноиди во споредба со црвеното вино.

Се верува дека умереното пиење на овој пијалок е здраво и дека дури може да придонесе за намален ризик од кардиоваскуларни болести. Умерено пиење значи едно пиво за жени и максимум две пива за мажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *