
Научниците открија дека е можно да се видат симптоми на Паркинсонова болест кај пациенти години пред да се постави дијагноза. Тоа се губење на слухот и епилепсија.




Поточно, научниците ги анализираа медицинските досиеја на повеќе од милион луѓе кои живееле во источен Лондон помеѓу 1990 и 2018 година. Резултатите покажале дека оние кои страдаат од епилепсија имаат поголем ризик од развој на Паркинсонова болест. Ова не е прв пат епилепсијата да се поврзува со неа.




Извештаите за случаи во 2016 година открија дека Паркинсоновата болест и епилепсијата може да коегзистираат. Ова може да биде пред дијагнозата или во случаи кога епилепсијата се развива по дијагнозата.




Губењето на слухот, исто така, може да биде ран знак – се јавува до пет години пред дијагнозата на Паркинсонова болест, според студијата . Експертите сугерираат дека губењето на слухот може да биде дел од оштетувањето на сетилната обработка, односно начинот на кој нервниот систем добива информации од сетилните системи, што толку често се случува со развојот на оваа болест.




Сензорното оштетување се манифестира на различни начини кај различни пациенти – преку видот, слухот или дури и сетилото за мирис.