June 25, 2024

Неколку остри кривини и многу патници во автомобилите ќе се жалат на гадење , особено на задното седиште.

Непријатното чувство се јавува од едноставна причина – центарот за рамнотежа не е усогласен со видот. Да бидеме попрецизни, движењата на телото и силите што дејствуваат на него не се синхронизирани со сцените што ги гледаме.

Погледот на патникот обично е насочен надвор од четири возилото- на левата или десната страна, така што не ја следи динамиката на кривините. Децата меѓу шест и 12 години се почувствителни од возрасните, иако ситуацијата може да биде драматична и за нив.

Постојат голем број на совети и лекови кои ќе ви помогнат, но наједноставно е возачот да успори што е можно повеќе при свиоци, додека патниците на задните седишта да гледаат низ предното стакло.

Нови технологии! Интересно е тоа што Мерцедес развива систем за суспензија што ќе се прилагодува самостојно додека се вози, особено околу кривините, со што се намалува можноста за лошење при движење.

Од друга страна, Apple наводно работи на комбинација од VR и MR технологии за своео автономно возило. Патниците наместо реалноста ќе ја набљудуваат виртуелната средина и на тој начин избегнуваат непријатности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *