





Мачката која го држи за рака својата сопственичка додека тие гледаат телевизија, им ги стопи срцата на многумина. Слатка снимка споделена на TikTok покажува мачка како ја држи за рака својата сопственичка додека ја гледа приказната на слугинката.




„Гледањето на оваа серија е семејна активност“, стои во описот на видеото, а пренесува хрватски Index.hr.




После ова, се поставува логично прашање: Дали мачките навистина гледаат што има на ТВ? Според Hill Pets, одговорот е да. Очигледно мачките можат да видат што е на екранот, но не можат да разберат што се случува.




Нив ги привлекуваат боите и движењата, но немаат способност да ги расудуваат сликите и звуците во посложени мисли. Поради структурата на нивните очи , мачките почесто учествуваат во програми кои содржат комбинација на црвени, сини и зелени бои или покажуваат предмети кои брзо се движат .




Ова е карактеристика на многу цртани филмови, па затоа не е чудно што мачките најмногу уживаат во гледањето детски програми.
Да го погледнете видеото кликнете ТУКА