June 23, 2024

Како родители, честопати се наоѓате во ситуација каде го запоставувате своето дете затоа што работите или сте уморни од работа.

Времето е пари денес, а луѓето честопати забораваат на најважните работи тркајќи се со него. На „Фејсбук“ се прошири приказна за татко и син која има важна поука.

„Таткото се враќа дома од работа доцна, уморен и нервозен, и го наоѓа претгодишниот син како го чека на врата.
Синот: Тато, може да те прашам нешто?

Таткото: Да, секако, кажи?
Синот: Тато, колку заработуваш на час?

Таткото: Тоа не ти е грижа. Зошто ме прашуваш?
Синот: Само сакав да знам. Те молам кажи ми.

Таткото: Доколку баш мора да знаеш, заработувам 50 евра на час.
Синот: Ох, тато, може да ми позајмиш 25 евра? Таткото бил бесен.

Таткото: Доколку единствената причина затоа што ми бараш пари е да купиш некаква играчка или слична бесмислица, оди во соба и размисли зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за такви детски глупости!

Детето тивко заминало во соба и затворило врата. Таткото станал уште понервозен поради неговото прашање. По одреден период, тој започнал да се прашува зошто му требаат парите бидејќи најчесто не бара пари од него. Отишол во неговата соба и отворил врата.

Таткото: Спиеш, сине? Синот: Не, тато.
Таткото: Размислував, можеби бев престрог кон тебе. Имав тежок ден. Еве ти 25 евра.

Детето се исправило весело. Синот: Ох, фала ти, тато!
Таткото случајно видел дека синот имал скриени пари. Го прашал зошто му барал пари кога веќе има.

Синот: Затоа што немав доволно, а сега имам. Тато, сега имам 50 евра. Може ли да купам час од твоето време? Те молам, утре дојди дома порано. Сакам да вечерам со тебе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *