May 16, 2024

Sad woman complaining alone at home

Млада мајка го пронашла својот сопруг мртов, а прошталното писмо во кое и пишувал што да прави по неговата смрт целосно ја скршило.

Ема Пиктон-Џонс (27) остана уништена кога го прочитала последното писмо на нејзиниот сопруг, пронајдено покрај неговото тело во неговиот дом од детството. Сопругот на Ема, Ден, кој се занимавал со земјоделство, со години се борел со депресија .

Не можеш да ми помогнеш, но можеш да помогнеш на некој друг – напиша тој во своето проштално писмо.
Цврсто решив дека ќе го сторам тоа – изјавила таа за локалниот весник.

Нивната врска била бурна, но состојбата на Ден се влошувала како што одминувало времето. Тој првпат се консултирал со лекар за неговите проблеми кога имал 21 година, уште пред да ја запознае Ема.

Двајцата се запознале на турнир во рагби, размениле броеви, а тоа бил почеток на врската која била крунисана со брак и деца – Мали и Тристан.

Ден со години се борел со анксиозност и депресија , но во јуни 2016 година, не можел повеќе да издржи, влегол во својот автомобил и се упатил кон куќата во која живеел кога бил мал.

Ема почувствувала што се случува и го барала Ден во Пемброкшир, кога нашла две полициски автомобили пред куќата на неговите родители.

Таа веднаш знаеше што се случило. Страшниот настан пред кој многумина би подлегнале, за Ема значеше почеток на борба за доброто на другите , токму како што тоа го побара нејзиниот сопруг.

Таа основа хуманитарна фондација која се занимава со ментално здравје, а особено е посветена на земјоделците.
Целта е да се започне дискусија за менталното здравје меѓу фармерите, бидејќи тие се повеќе склони кон самоубиства од остатокот од населението.

Фондацијата го носи името на нејзиниот покоен сопруг: „Фондацијата Ден Пиктон-Џонс за ментална помош за руралните домаќинства“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *