April 18, 2024

Кромидот и лукот се можеби највкусните додатоци во свежите салати и сосови, но потоа останува еден огромен проблем – непријатниот мирис во устата.
Не паничете. Ако ручавте сос со лук или свежа шопска со кромид, а вечерта закажавте важен состанок, имате неколку решенија.
Освен хигиената, овие неколку намирници ефикасно го уништуваат непријатниот мирис:

Сенф – Ставете малку сенф во мала лажичка и задржете го неколку секунди во устата. Плукнете, па потоа земете уште половина лажичка сенф кој ќе го проголтате.
Листови од ментол и магданос – Џвакајте ги свежите листови неколку минути, додека можете.

Големи количини зеленчук – Компирите, печурките, лимоните и морковите во свеж или варен облик ги неутрализираат мирисите. Затоа, кромидот и лукот комбинирајте ги со овие зеленчуци како паметна превентива.

Леб-Мала количина од јаглени хидрати исто така ќе ви помогнат во борбата со непријатниот мирис. Затоа, погрижете се да имате барем едно парче леб во вашиот следен оброк.
Зелен чај и лимонада – Свежиот мирис и вкус на овие пијалаци има ист ефект како и гумата за џвакање.

Вотка – Алкохолот ги убива сите бактерии во устата, кои го создаваат лошиот здив. Вотката е одличен избор затоа што е чист алкохол, без додадени бои и ароми.
Млеко и јогурт – Млечните масти од млекото и јогуртот исто така ги неутрализираат сите мириси во устата.

Лимон – Свежите парчиња лимон е ефективен борец против бактериите во устата. Изџвакајте неколку резенки веднаш по оброкот за брзи резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *