
Постојат знаци кои јасно укажуваат дали душата е „изгубена“ и дали имате работа со добра или лоша личност
Веруваме дека повеќето од вас слушнале за старата изрека „ја продаде душата на ѓаволот“. Верувале или не во натприродните сили, отсекогаш било точно дека она што е добро – добро е, а што не е добро – не е добро, и нема дилема.




Токму поради таа причина, сигурни сме дека досега сигурно сте запознале некого, кога би можело да се каже дека неговото однесување остава впечаток на бездушна личност. Претежно се „накитени“ со сите тие лоши особини и најдобро би било да ги избегнувате и да не дозволите премногу да ви влијаат на животот




На порталот Quora е поставена интересна анкета во која се поставува прашањето како да се препознаат оние без душа. Овие 8 одговори најчесто се наведуваа како објаснување и што е заедничко за таквите луѓе.




Лоши навики. Според експертите, еден од очигледните сигнали што укажува на отсуство на човечката душа е присуството на лоши навики. Тоа може да биде зависност од алкохол, дрога, коцкање или љубовни врски. Прекумерната страст за лоши навики може да ја расипе човечката душа.




Апатија Човек без душа често не покажува интерес за животот. Тој не гледа радост, среќа, туку го набљудува животот во сиви тонови. Недостатокот на радост во животот, неможноста да уживаат во мали нешта, најмногу укажува на некои сериозни проблеми на овие луѓе.




Недостаток на емпатија. Човек без душа само се гледа себеси. Тој е рамнодушен кон туѓите страдања. Не сочувствува, ниту го интересираат проблемите на другите, дури и кога се во прашање најблиските пријатели и семејството. Тој најмногу мисли дека се што некому му се случува е апсолутно заслужено и често ужива во тагата на другите.




Себичност Човек кој се залага за понижување на другите ја уништува сопствената душа. Луѓето без душа често не сакаат да споделуваат информации за себе или за било што што поседуваат, без разлика колку тоа не би ги оштетило.Тие би ги продале најблиските за да го добијат тоа што го сакаат, а од другите би земале се, па дури и она што го веќе поседува – само за некој друг да не го има.




Материјализам Луѓето без душа посесивно грабаат материјално. Тие апсолутно не се заинтересирани за духовното. Тие се вклучени во собирање пари и други работи не им се важни.




Завист Ова е еден од седумте смртни гревови. Зависта не само што ја уништува душата, туку е и фатална за умот. Таквите луѓе копнеат по се околу себе, а туѓиот успех, пари, среќа, секогаш ќе им биде трн во око.




Селективна амнезија Експертите велат дека тоа е знак на недостиг на душа, бидејќи човекот по некое чудо заборава на своите непристојни дела, инциденти што се случиле по негова вина. Веројатно сте се соочиле со дотичниот за тоа што го направил, а тој реагирал како да не знае за што зборувате, дека сте измислиле се и често ќе ја сврти целата приказна во ваша корист, или можеби ќе ве нападне, бидејќи нападот е најдобрата одбрана.




Голем замор и исцрпеност. Нашите постари би рекле: злобата го јаде одвнатре. Таа личност изгледа како да се вратила од војна: уморна е – и спие, здрава е – а изгледа болна.