March 1, 2024

Колку животните можат да бидат емотивни и да ги почитуваат луѓето и оние кои се грижат за нив и ги хранат покажа исклучително трогателно видео од Шри Ланка.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види мајмун кој дошол на погреб на човек кој редовно го хранел кога и да го посетувал неговиот дом, јавуваат странските медиуми.

Според странските портали, станува збор за Рајан Питамбарам, кој починал на 56-годишна возраст, а чие тело било ставено во ковчег за време на традиционалниот погреб во Батикалоа, кој бил отворен за време на оддавањето почит на починатиот.

Мајмунот се качил и седнал до Рајан, залудно обидувајќи се да го разбуди.

Во еден момент можете да видите како ова животно почнува да го гали покојникот по главата и лицето, па дури и прави движења со главата како да го бакнува, што ги остави без зборови сите присутни на погребот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *