
Познатиот инструктор по медитација Роберт Пајпер наишол на сериозни животни неволји кога имал 18 години. Здравјето му било сериозно нарушено, а поради тоа психичката состојба му била разнишана.




Иако му се чинеше дека нема излез од таа ситуација, тој го собра последниот атом на волјата и ги посвети следните 9 години на учење за медитацијата и за животот воопшто со помош на монах. Благодарение на лекциите што ги научи од него, неговиот живот од корен се промени.




Што тогаш го научил монахот младичот? Што е тоа што засекогаш му го променило животот? Тој денес живее според овие принципи и вели дека никогаш не бил позадоволен.




Никогаш не престанувајте да се обидувате. “Никогаш не се откажувај!” Без разлика што се случува во вашиот живот, без оглед на околностите, продолжете да се обидувате. “Трпение и издржливост. Се ќе си дојде на крајот!”




Сите одговори се во нас. Во животот, вие сте единствено одговорни за сè. Никој нема да го живее животот за вас или да ги реши вашите проблеми. За да уживате во некои работи, мора прво да се потрудите.„Потпрете се само на своите способности!




Без пораз нема успех Без неуспех, нема доволно да го цените успехот. Секој во животот мора да помине низ лоши животни фази. „Гледајте на нив како сериозни животни лекции и не дозволувајте да ве успорат.




Никогаш не се споредувајте со другите. Секој е индивидуа за себе и секој има уникатни квалитети. Никогаш нема да стигнете далеку во споредба со другите.




Немаме поголем непријател од нас самите. Никој од самите нас не може да не забави на патот кон успехот. Ако ние не веруваме во себе, никој друг нема да верува. Опкружете се со позитивни мисли и смело чекорете кон целта. Сите пречки се во нашата глава. „Секој од нас може да постигне се што ќе замисли само ако се осмели да тргне кон целта.




Среќата е во нас. Сами ја создаваме среќата. Ако не се потрудиме да создаваме, никој нема да го направи тоа наместо нас.