May 16, 2024

Сопствениците на кучиња не мора да се грижат дали ќе се здебелат или ќе паднат во депресија, нивното крзнено милениче никогаш нема да им дозволи. Добро познат факт е дека миленичињата позитивно влијаат на нивните сопственици. Сепак, науката вели дека кучето го продолжува животот на својот сопственик во просек за две години .

Медицината докажа дека кучињата имаат позитивен ефект на луѓето. Еве 10 факти за кучињата кои докажуваат дека не можеме да си го замислиме животот без нив:

Сопствениците на кучиња немаат проблеми со високиот крвен притисок. Истражувачите од Универзитетот во Њујорк открија дека кучињата го намалуваат крвниот притисок и нивото на стрес кај повеќето луѓе. Во текот на студијата, испитаниците не земале никакви лекови, а пред тоа имале големи проблеми со крвниот притисок. Кучињата делувале на нив како апчиња за намалување на крвниот притисок и опуштање на телото.

Сопствениците на кучиња се посреќни. Во 2002 година, британските научници открија дека дури 75% од луѓето се чувствуваат посреќни во присуство на куче. Кучето го стимулира производството на хормони за среќа кај нивните сопственици : ендорфин, допамин, серотонин и окситоцин.

Сопствениците на кучиња имаат намален ризик од срцев удар. Студијата спроведена во Велика Британија докажа дека срцевите удари најчесто ги преживуваат сопствениците на кучиња и дека нивното срце работи „подобро“ отколку кај оние луѓе кои немаат куче.

Сопствениците на кучиња имаат низок холестерол. Досега, медицината не најде валидно објаснување за овој факт, дури и едноставните работи – сопствениците на кучиња се многу поактивни, бидејќи се принудени да шетаат со својот миленик најмалку два пати на ден .

Сопствениците на кучиња полесно ги губат несаканите килограми. Само 20% од населението троши 30 минути дневно вежбајќи . Затоа, повеќето луѓе се склони кон дебелина и дијабетес. Сопствениците на кучиња го немаат овој проблем бидејќи мораат да го шетаат своето куче и да си играат со него.

Сопствениците на кучиња подобро ја поднесуваат болката. Според научните студии спроведени на Универзитетот во Вашингтон, кучињата го одвлекуваат вниманието на сопствениците од болка и им помагаат да се релаксираат.
Сопствениците на кучиња немаат проблем со несоница. Дури 41% од сопствениците на кучиња имаат квалитетен сон благодарение на тоа што нивното крзнено милениче е блиску до нив. Тој им дава сигурност и мир.

Сопствениците на кучиња немаат проблеми со алергии. Научниците докажаа дека доколку децата стапат во контакт со животни на рана возраст, подоцна нема да имаат проблеми со алергии бидејќи ќе градат посилен имунитет.

Најдоброто милениче за бебиња: Може да спречи развој на астма кај дете! Сопствениците на кучиња се психички стабилни. Луѓето кои патат од некоја форма на ментално растројство веруваат дека кучињата им помагаат да ги ублажат постоечките проблеми.

Сопствениците на кучиња се покомуникативни. Сопствениците на кучиња лесно можат да стекнат нови познанства. Дури 40% од луѓето изјавиле дека многу брзо ги запознале своите соседи, благодарение на нивниот миленик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *