April 18, 2024

Релаксирачкиот ефект на овој пијалок е одличен
Во борбата против стресот, напнатоста и несоницата, потрудете се да не се одлучувате за смирувачки или апчиња за спиење, туку свртете се кон природно и здраво решение – чајот.

Честата напнатост предизвикува лошо функционирање на органите за варење, нервниот и респираторниот систем, а влијае и на побавното зачнување, уништувајќи го кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.

Доколку сте склони кон стрес, а не пиете никаква терапија што ви ја препишал вашиот лекар, можете да побарате помош во некој од чаевите кои имаат одлично смирувачко дејство:

Чај од нане: Овој чај пред спиење го смирува телото и помага полесно да заспиете. Ги намалува главоболките и стомачните тегоби предизвикани од стрес. Нането се користи во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија, што доволно говори за неговата сестраност и лековити својства.

Чај од лаванда: Лавандата има многу благотворно дејство и е многу популарна во ароматерапијата, па затоа не е чудно што се користи уште од античко време. Чајот помага како природен седатив. Прелијте со топла вода една до две лажички суви цветови и оставете да отстои.

Чај од камилица: Ако сте често под стрес, време е да се свртите кон изненадувачкиот ефект на миризливата камилица, која долго време е позната како релаксирачко, смирувачко средство. Камилицата содржи супстанции кои влијаат на истите делови од мозокот како и лековите за анксиозност.

Чај од липа: Мирисот на ова растение многу потсетува на детството. Цветот липа долго време се користи во народната медицина како лек за опуштање на нервниот систем, особено во случаи на силна нервоза, раздразливост, вознемиреност и несоница. Тоа се должи на есенцијалните масла кои се наоѓаат во цветот, имаат седативни својства и ги релаксираат мускулите.

Се смета за природен седатив бидејќи делува смирувачки, па помага против нервоза, главоболки и несоница. Ако кафето го замените со чај од липа, многу полесно ќе се справите со стресот и побрзо ќе заспиете.

Чај од валеријана: Валеријаната поради своите активни супстанции е исклучително важен природен лек за кој е докажано дека помага во ублажување на стресот, тагата, стравот и анксиозноста. Задолжително информирајте се за количината што може да се искористи пред употреба. Оние кои го земаат треба да знаат дека никогаш не треба да се користи заедно со лекови за смирување. Главната предност на валеријаната, во споредба со многу други седативи, е тоа што не создава зависност. Неопходно е да се следат пропишаните упатства за дозирање и начин на употреба.

По три недели користење на валеријана, треба да направите пауза за да избегнете можни несакани ефекти, како што се гадење, главоболка, па дури и анксиозност. Не треба да го консумираат деца и трудници.

Обидете се да најдете чај кој ви одговара и полека со редовно консумирање ослободувајте ја напнатоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *