April 18, 2024

Искористете ја сезоната на тикви и направете го овој вкусен и едноставен колач за кој сите ќе ве прашаат за рецептот

Тиквата е главниот предвесник на есента, а најдобар начин да ја искористите нејзината сезона е да го направите овој едноставен и вкусен колач. Подготовката никогаш не била полесна, само измешајте ги состојките и истурете ги во тавата, а додека го печете, прекрасниот мирис на цимет ќе се шири низ куќата.

Состојки:500 гр тиква, 3 јајца, 1 чаша шеќер, 3 чаши брашно, половина чаша масло, 1 чаша јогурт, 1 кесичка прашок за пециво, 1 лажичка цимет, прстофат сол

Подготовка: Измијте ја, исчистете ја и изрендајте ја тиквата. Јајцата и шеќерот се матат, па се додаваат маслото и јогуртот. Се меша со блендер и се додава ренданата тиква. Брашното измешајте го со солта, прашокот за пециво и циметот и полека додавајте го во смесата со јајцата додека мешате со жица за матење.

Лесно измешајте го тестото. Покријте го плехот со хартија за печење и истурете го подготвеното тесто. Печете го колачот околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе се испече колачот, оставете го малку да се излади, па исечете го на коцки и по желба посипете го со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *