April 13, 2024

Beautiful girl on the nature in the winter outside in winter hat; Shutterstock ID 525206974; Job: GSK

Што да правите, а што да не правите кога се смрзнувате бидејќи надворешната температура нема милост и е брутално студена?

Кога надворешните температури се ниски, не е невообичаено рацете да ви замрзнат за 5 минути, а носот и ушите да ви се вкочанат и наскоро воопшто да не ги чувствувате.

Прво утврдете го степенот на смрзнатини. Површни смрзнатини – се чувствувате вкочанети, тенот ви е посветол или можеби поцрвен од вообичаеното на некои места. Можеби сте почувствителни на допир од вообичаено.

Полесни смрзнатини – во моментот кога ќе ја изгубите чувствителноста на кожата, тогаш следи оваа фаза. Кожата е обично бело-сива, а може да се појават и плускавци.

Тешки смрзнатини – Кога кожата побелува и се стврднува како восок, тогаш станува сериозно. Може да има безживотни дамки со сивкаста нијанса и мали плускавци на кожата кои може да бидат исполнети со течност или тенка крв.

Што да правите, а што да не правите кога замрзнувате? Не ги тријте замрзнатите дланки. Доволно е да ги покриете со нешто меко и топло.

Пијте нешто за да ја ублажите болката Не пијте лекови кои помагаат при настинки и треска.
Замрзнатиот дел нежно загрејте го во млака вода. Оган или кој било извор на топлина не доаѓа предвид.

Препораки како да се заштитите:Облечете се во слоеви. Бидете сити пред да излезете на студ.
Не пушете и не правете паузи кога температурата е под нулата.

Не користете козметика на база на вода или користете ја најмалку 1 час пред излегување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *