February 26, 2024

Многу мириси често се акумулираат во фрижидерот и не знаеме како да се ослободиме од нив.

Веројатно ви се случило да ја отворите вратата од фрижидерот и да ве облее непријатна миризба. Не разбирате како е создадена и како да се ослободите од неа…

Понекогаш непријатните мириси од фрижидерот се толку упорни што дури и кога ќе го испразните и исчистите, тие сè уште се таму. Една од главните причини за тоа е храната која била подолго време и многу често ѝ истекол рокот доколку сте ја заборавиле.

Сепак, колку и да внимавате, неизбежно е да се појави некоја постојана миризба, а постои едноставен трик како да се ослободите од него. Тоа е семоќната сода бикарбона.

Она што треба да направите е да ги отстраните сите намирници од полиците. Растворете една полна лажица сода бикарбона во литар топла вода и темелно избришете ја секоја полица со овој раствор. Исто така, важно е темелно да се исчисти вратата, како и гумата на вратата, како и држачите на полиците.

А за да спречите повторно појавување на мирисот, само треба да оставите чаша полна со сода бикарбона во фрижидер и таа ќе ги впие сите мириси и дополнително ќе спречи храната да го добива мирисот еден од друг.

Вака оставена сода бикарбона ќе делува ефективно најмногу два месеци, а потоа треба да ја замените со свежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *