July 17, 2024

Мечките често талкаат во урбаните области во потрага по храна, но една мечка во Америка покажа колку се интелигентни овие диви животни.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види помала мечка која полека се приближува до паркиран пикап и лежерно ја отвора вратата, како да е сопственик!

Оваа генијална мечка ја зграпчи рачката и ја отвори вратата буквално како човек, а потоа влезе во кабината.

Потоа со забите грабнала кеса со грицки , а една жена видела што се случува и почнала да ја брка мечката надвор.

Таа викнала на мечката извикувајќи „не“ и „излези“, а додека лежерно влегла во возилото, животното најнормално ја послушало жената и почнало да излегува од пикапот.

Навистина, веројатно се исплашила од жената, па во еден момент ја испуштила кесата со вкусни залчиња, а потоа побегнала

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *