December 10, 2023

На изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека во 2001 година бил во војска како доброволец, во која изјава беше содржано и прашањето до лидерот на ДУИ Али Ахмети да каже колку милиони евра профитирал како водач на некогашната ОНА, Ахмети му реплицира: „Мицкоски војна гледал само на телевизија“.

„Јас не се занимавам со размислувањата на Христијан Мицкоски околу војната зашто тој и не бил во војна, туку борби гледал само на телевизија.

Се разбира јас молчев за такви прашања, зашто во тишина треба да се работи на стратегиите за развој и затоа што така преку остварување на нашите цели се добиваат гласови од избирачите. Работевме во тешки времиња и деликатни услови, треба уште да се работи, а не само да се упатуваат празни прашања“, рече Ахмети синоќа од партиска трибина во Тетово.

Тој повтори дека ДУИ се залага за продолжување на преговорите со ЕУ преку устравни измени, но и за ветинг на сите политичари.

„Уставните измени мора да се направат за два – три месеци, зашто тоа е во интерес на граѓаните и државата“”, рече Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *