April 18, 2024

Зголемената фотографија од лице на мравка, која била дел од натпреварот „Nikon’s Small World Photomicrography“, би можела да ве изненади.

Ја направил литванскиот фотограф Еугенијус Кавалиаускас, а целта на овој натпревар е да се прикажат детали кои човечкото око не може да ги види.

Еугенијус одлучил да го зголеми лицето на мравката пет пати под микроскоп, а многумина се сложни дека фотографијата изгледа страшно.

Фотографот во разговор за магазинот „Insider“ изјавил дека ваквата задача не му била тешка бидејќи живее во близина на шума.

„Главната цел на занимавањето со фотографија е да истражувате. Фасциниран сум од божјите ремек-дела и можноста да ги забележам.

Кога влегов во светот на микрофотографијата, мислев дека сите инсекти по малку личат на чудовишта, но во меѓувреме се навикнав на тоа“, вели Кавалиаускас.

Меѓутоа, тој не успеал да ја освои главната награда на споменатиот натпревар. Победници се Григориј Тимин и Мичел Милинкович кои снимиле рака на мадагаскарски џиновски дневен гуштер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *