April 18, 2024

Денес ви споделуваме рецепт за наједноставната чоколадна торта со само 3 состојки. Станува збор за колач кој не содржи глутен и лактоза и не се пече.

Потребни состојки:180 грама темно чоколадо,375 мл кокосово млеко,220 грама овесна каша,сечкани јаткасти плодови по желба.

Начин на подготовка:

Намачкајте го со путер кружниот калап за колачи и нанесете хартија за печење. Премачкајте ја и хартијата за печење. Оставете го калапот настрана.Чоколадото се сечка и се топи во кокосово млеко.
Додадете овесна каша и мешајте додека смесата не стане хомогена.

Истурете ја смесата во калапот. Оставете да се излади на собна температура, најмалку 4 часа пред сервирање.Послужете со свежо овошје.
Забелешки:

Оваа торта не е толку слатка бидејќи не користиме шеќер освен чоколадо.
Ако сакате посладок вкус, додадете 1-2 лажици шеќер или друг засладувач во кокосовото млеко.
Да се чува во фрижидер до 5 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *