May 16, 2024

EXCLUSIVE. Coleman-Rayner Los Angeles, CA, USA. May 30, 2022 Matthew Perry channels his inner James Bond as he cruises through LA on Memorial Day driving a brand new Aston Martin sports car. The Friends alum, 52, was dressed casually in a baggy black T-shirt, navy sweat pants and sneakers. On his way to the car Matthew could be seen scratching his belly whilst crossing the street.,Image: 696211723, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: - / Coleman-Rayner / Profimedia

Метју Пери се здоби со голема популарност со улогата на Чендлер во серијата Пријатели . Метју Пери , попознат како Чендлер од култниот ситком Пријатели , откри детали од својот живот, како и со што се занимавал кога стекнал голема популарност и пари.

Актерот зборуваше и за борбата со депресијата, осаменоста, но и зависностите и бројните неуспешни рехабилитации. Метју (53) одлучил да ја каже вистината за својот живот во своите мемоари кога бил сигурен дека никогаш нема да им се врати на најлошите навики.

Сакав да споделам кога бев сигурен дека нема повторно да навлегувам во темната страна на се. Морав да почекам додека не бидам целосно трезен и подалеку од активната болест на алкохолизам и зависност. Главната работа беше што бев прилично сигурен дека ќе им помогне на луѓето – изјави тој за магазинот People.

Пери откри и зачудувачки детали кои никој не ги знаел. Имено, тој во еден момент се бореше за живот и имаше минимални шанси да преживее. Тој претрпе гастроинтестинална перфорација и помина неколку недели во болница откако му пукна дебелото црево од предозирање со опијати. Две недели беше во кома, а пет месеци во болница.

Докторите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси за живот – искрен беше актерот.
Улогата во Пријатели ја доби на 24 години, а веќе тогаш почна да излегува на површина неговата борба со алкохолот.

Можев да се справам со тоа, на некој начин, но на 34 години навистина бев вкоренет во многу неволји. Имаше години кога бев трезен во тоа време. Деветтата сезона на шоуто беше годината кога бев трезен цело време. И погодете која сезона бев номиниран за најдобар актер?

Си помислив: „Тоа треба да ми каже нешто“. Не знаев како да престанам. Ако полицијата дојде кај мене дома и рече: „Ако пиеш вечерва, ќе те однесеме во затвор“, ќе почнам да се пакувам. Не можев да престанам затоа што болеста и зависноста напредуваат, станува се полошо и полошо како што старееш. Сега сум сосема здрав – вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *