April 18, 2024

Still life with lemon juice and sliced lemons on wooden table, closeup

Еден од корисниците на TikTok покажа како исцеден лимон може да ги исчисти садовите и внатрешноста на машината за миење садови.

Пред да го фрлите во ѓубре, ставете го во машината во која претходно сте ги ставиле садовите и вклучете го на редовен циклус. Лимонската киселина ќе ги отстрани бигорот и непријатните мириси, а вашите садови ќе изгледаат кристално чисти.

“Користев исцеден лимон. Секако, пред тоа ги извадив семките. Можете да користите и сок од лимон”, напишала Мила во коментар.

Задолжително имајте на ум дека мора да ги отстраните семките бидејќи може да се заглават во машината, што може да доведе до технички проблеми. Применувајте го овој совет повремено бидејќи киселината може да ја уништи гумата. Видеото има повеќе од милион прегледи, а многу корисници на TikTok се согласија дека ова е одлична идеја.

“Мојата сопруга остави лимон во соковникот и не го видов кога ја вклучив машината. Внатрешноста беше беспрекорно бела”, напишал еден корисник.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *