May 16, 2024

Според фенг шуи традицијата се верува дека фигурата на жаба, позната како кинеска жаба со пари или жаба на судбината, привлекува напредок, изобилство и пари во домот, пишува Ловенсенс.

Во Кина оваа жаба се нарекува уште „Чан Чу“ и се верува дека на полна месечина навечер може да очекувате добри вести кога станува збор за материјалната состројба ако енергијата на жабата владее во вашиот дом.

Фенг шуи истакнува дека најделотворна жаба е онаа со три стапала која држи паричка во сута, затоа што според легендата оваа жаба скока по домот и остава енергија на пари во секој агол од домот.

Сепак, оваа жаба не се чува само дома,туку многумина ја чуваат на работното место за да привлечат богатство и напредок на работа. Меѓутоа, не е доволно само да имате жаба со пари,. туку и да ја ставите на одредено место.
Доколку жабата ја поставите на место спротивно од фенг шуи правилата можете да привлечете негативна енергија и секојдневно да го одбивате изобилието од себе.

-Поставете ја жабата во близина на влезната врата
-Главата треба да ѝ биде свртена ко внатрешниот дел од домот
-Најдобра енергија привлекува ако ја чувате во дневната соба, особено ако имате приватен бизнис
-За напредокт во кариерата поставете ја во северниот дел од дневната соба

-Ставете ја на маса, на пример на масата за кафе
-Ако работите во канцеларија ставете ја на видливо мето на масата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *