May 16, 2024

Рецепт за палентата на турската актерка Нур Фетахоглу..

Дека турската кујна е специфична беше познато во времето на Сулејман Величествениот , кога спојот на гастрономските влијанија од Централна Азија, Блискиот Исток и Анадолија почна да се „излева“ надвор од границите на империјата.

Во серијалот за познатиот султан видовме какви јадења се менуваа на дворската маса, а некои од нив останаа и до денес. Не знаеме дали неговата прва сопруга, Султана Махидевран , сакала палента, но актерката која ја играше Нур Фетахоглу обично ја подготвува за појадок. Таа дури смислила посебен рецепт кој го објави на својот инстаграм профил.

Доколку сакате да појадувате како вистински султан, еве идеален предлог.
Состојки:4 лажици пченкарно брашно,4 лажици путер,300 гр сирење во снегулки и 2 чаши вода (или млеко).

Подготовка
Во тавче растопете го путерот, а кога ќе се загрее постепено додавајте го пченкарното брашно со постојано мешање. Пропржете го брашното да добие боја, па додадете малку вода (или млеко) и цело време мешајте да не се формираат грутчиња. Кога ќе добиете фина мазна смеса, додадете го сирењето, убаво измешајте и варете на тивок оган уште неколку минути.
Послужете топло, со јогурт или кисело млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *