
Видеото на кое се гледа мајчината љубов стопи и освои многу срца на социјалните мрежи. Една мачка која се грижи за своите мачиња покажа колку е голема мајчинската љубов и дека ништо не може да се спореди со неа.




Тешко е да се биде мајка. Иако љубовта се удвојува со доаѓањето на децата, се удвојуваат и грижите и неволјите, но тие се слатки, тврдат родителите. Мајчината љубов не се разликува и во животинскиот свет и тоа постојано ни го покажуваат.




Видео од мајка мачка стана вистински хит на интернет. Имено, на споменатото видео две младенчиња на страна чекале мајката мачка да дојде и да ги земе. И додека таа се обидуваше да го земе едното во уста и да се врати за другото, тоа почна да мјаука. Мајката го погледна, а потоа се врати да го земе, оставајќи го првото. И така се нашла во дилема кому да помогне.




Ново родените младенчиња се обидувале да станат, но им било тешко, па таа се обидела да ги помести од картонската кутија, сфаќајќи дека не може да ги помести двете мачети истовремено. Мачката изгледаше исплашено и како под стрес




Видеото наиде на многу симпатии од корисниците од целиот свет кои се согласија дека улогата на мајка е иста и секаде препознатлива.




Многумина забележале дека мачината се под стрес и побарале да и помогне. Се претпоставува дека тоа го направил авторот на видеото. За само неколку секунди, тој успеа да покаже колку и наједноставната задача е одговорност за мајката .
Да го погледнете видеото кликнете ТУКА