
Фаталната султанија Хурем е родена на територијата на денешна Украина како Александра Анастасија Лисовска и успеала да го заведе султанот како никоја друга пред или после неа.




Неодамна пишувавме за тоа како изгледал Султан Сулејман , а денес ви пренесуваме неверојатна приказна за Султанија Хурем и нејзината последна желба.




Имено, малкумина знаат дека познатата Султанија Хурем , сопругата и најголемата љубов на султанот Сулејман, е родена како Александра Анастасија Лисовска . Таа е родена на територијата на денешна Украина и пораснала во православно семејство. Нејзиниот татко бил свештеник.




Таа, како и многу други девојки во тоа време, била однесена во Отоманската империја како бела робинка. Легендата вели дека Александра му била дадена на Сулејман од страна на големиот везир Ибрахим Паша и на тој начин таа завршила во харемот на султанот, кој броел околу 300 робинки. исто така, легендата вели дека султанот се заљубил во неа речиси во моментот кога ја видел.




Султанот бил воодушевен од нејзината харизма, нејзината мудрост и начин на размислување, па брзо ја зел за блиска придружничка, а потоа и за сопруга. Таа го прифатила исламот и на Сулејман му родила шест деца. Иако имал уште три жени, се верува дека Хурем најмногу ја сакал, дека во се и угодувал и дека поради тоа имала големо влијание врз политиката на Отоманската империја.




Заедно преживеаја многу радосни и тажни настани, загуба на синови, брак на ќерки, раѓање на внуци… Нивната љубов се смета за една од најголемите што историјата ги памети.




Последната желба на султана Хурем! Пред смртта на султана Хурем, парот беше разделен одредено време. Кога се сретнале по долго време, Сулејман ја одвел да ги види работите на новата џамија, а потоа и рекол дека неговата душа е таму, и дека неговото срце засекогаш ќе остане во таа зграда.




Во текот на животот Сулејман и ги исполнувал сите желби, но последната желба го допрела до срж и за последен пат покажала колкава љубов има Хурем кон него.




Таа знаеше дека ќе умре и го замоли султанот да ја остави да почива засекогаш на местото каде што рече дека неговото срце и душа ќе почиваат засекогаш – во таа џамија , која се викаше Сулејманија.




Нејзината желба била исполнета, а самиот Сулејман ја остварил својата последна желба по смртта – да биде погребан до неа, во истата џамија .
Султанот ја надживеа Хурем за осум години, а по нејзината смрт немаше повеќе жени во неговиот живот.