May 16, 2024

На меѓународниот аеродром во Лагос, нигериските власти заплениле илјадници пениси на магариња на пат кон Хонг Конг.

Според командирот на нигериската царинска служба, тие биле „лажно декларирани… како кравји гениталии (но) по задолжителниот преглед, моите службеници за извоз откриле дека се работи за машки гениталии од магаре.

Нигерија се обидува да го ограничи извозот на магариња, што драстично ја намали популацијата на работни животни во земјата, особено на северот. Во 2021 година, нигериските сенатори предложија да се забрани убивањето на магарињата и извозот на нивните кожи.

Законодавците рекоа дека таквата забрана за убивање магариња дополнително ќе го ограничи извозот на магариња и гениталии во земји како Кина каде кожите се користат во популарни традиционални лекови, што Нигерија ги забранува – пренесува Асошиејтед прес .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *