





Рибата е една од најздравите намирници која генерално не ја користиме доволно во исхраната, а често сметаме дека е тешко да се подготви. Меѓутоа, ако го направите по овој едноставен рецепт, често ќе се враќате на ова јадење.
Состојки: 2 поголеми пастрмки, 1/2 кг компири, 5 чери домати, 2 лимони, Сол, бибер, Нане, маслиново масло, Чешле лук.




Подготовка: Исчистената пастрмка измијте ја, исушете ја и посолете ја добро , па оставете ја во фрижидер. Чешнето лук и магдоносот се сечкаат ситно, се цеди половина лимон и се додава малку маслиново масло. Измешајте сè, па премачкајте ја рибата и внатре и надвор.




Компирите се лупат и се сечат на парчиња, а чери доматите се сечат на половина. Исечете еден лимон на потенки кругови.




Во подлабока тава или огноотпорен сад ставете ги компирите и доматите. Додадете сол и бибер. Врз неа наредете ги прстените од лимонот, а потоа на три места ставете ја рибата што ќе ја исечете, па сè премачкајте со маслиново масло и покријте со алуминиумска фолија. Ставете во загреана рерна на 180 степени.




Печете 35 минути, потоа извадете ја фолијата и оставете да се пече уште 15 минути за пастрмката да добие крцкава кора. Другата половина од другиот лимон исечете ја на кришки и послужете ја со риба која можете да ја посипете со малку сечкан магдонос.
Послужете со сезонска салата.