
ЖЕНИТЕ КОИ ВЛЕГУВААТ ВО МЕНОПАУЗА ТРЕБА ДА ГИ ПИЈАТ ОВИЕ 3 ПИЈАЛОЦИ: Можеби веќе ги имате дома, го намалуваат потењето, стресот, вишокот килограми!
3 пијалоци кои треба да ги пијат жените во менопауза – природен еликсир кој можеби веќе го имате дома, а помага при непријатни симптоми на климакс!




Кога влегуваат во менопауза, многу жени се соочуваат со непријатни симптоми, како што се топли бранови, ноќно потење, дебелина и промени во расположението.
Природните методи, менувањето на исхраната, дури и подготовката на здрави пијалоци од состојки кои веќе ги имате дома може да ви помогнат да ги контролирате непријатните симптоми.




Ви предлагаме 3 пијалоци кои ќе им помогнат на жените кои влегуваат во менопауза:
Сок од домати – Според една неодамнешна студија објавена во „Nutritional Journal“, природниот сок од домати може да ви помогне полесно да го пребродите овој период од животот и да ги намалите симптомите.




Овој пијалок содржи многу корисни состојки како што се ликопен, гама-аминобутерна киселина и ескулеозид А. Сокот од домати може да понуди широк спектар на придобивки за жените во менопауза, вклучително и подобрување на кардиоваскуларното здравје, намалување на психолошкиот стрес и спречување на остеопороза.
Исто така, во истата студија, беше потврдено дека сокот од домати ја намалува анксиозноста и го подобрува целокупното здравје на срцето.




Ледени чаеви – Жените кои минуваат низ менопауза често откриваат дека одредени чаеви можат да помогнат при болки во зглобовите и грчеви. Температурата на чајот што го консумирате е исто така важна, бидејќи топлите чаеви можат да предизвикаат контра ефект при топли бранови.
Направете ладен чај од овошје и билки, а наместо шеќер користете природни засладувачи како мед или стевиа. Во ладен чај можете да додадете лимон – одличен извор на витамин Ц и го поттикнува метаболизмот.




Алкална вода – Многу жени во менопауза пријавуваат проблеми со стомачната киселина и варење како еден од симптомите. Една студија ги анализираше различните ефекти на водата од чешма и алкалната вода врз активирањето на пепсин кај луѓето.




За разлика од водата од чешма, алкалната вода го деактивира пепсинот и добро ја намалува киселината. Истражувачите заклучиле дека алкалната вода е добар лек за луѓето кои страдаат од горушица.