June 19, 2024

Неопходен е за активност и рамнотежа на нервниот систем.
Има релаксирачки и смирувачки ефект и ја намалува раздразливоста на нервите и мускулите. Го намалува лачењето на адреналин и е ефикасен за ублажување на грчеви и напнатост, на пример при главоболки и нервоза, синдром на нервозно дебело црево, тахикардија и болки во стомакот.

Учествува во метаболизмот на главните макронутриенти и овозможува производство на енергија. Помага во одржување на балансирана pH вредност во крвта, го регулира срцевиот ритам и има вазодилататорски ефект.

Исклучително е важен за здравјето на коските бидејќи го стабилизира и реструктуира формирањето и растот на коските.
Околу 60 проценти од магнезиумот се наоѓа во коските, остатокот во меките ткива, а само еден процент е во крвта.

Недостатокот на магнезиум е чест. Како ќе препознаете дека го имате овој проблем?
Здравиот човек мора секогаш да се чувствува добро, не само физички, туку и психички. Ако ви недостасува магнезиум, тоа ќе влијае и на вашата психа, па може да доживеете стрес, анксиозност и депресија.

Една од најопасните последици од недостаток на магнезиум е артериската калцификација. Ниското ниво на магнезиум доведува до оваа состојба и предизвикува коронарни проблеми, вклучително и срцеви заболувања, пишува „Независне новине“.

Срцевиот удар е значително почест кај луѓето кои страдаат од хроничен недостаток на магнезиум.
Мускулни грчеви се јавуваат кога мускулите неконтролирано се собираат, што често е резултат на недостаток на магнезиум.

Имено, колку помалку магнезиум прима телото, толку повеќе кислород му треба на мускулното ткиво за секаков вид физичка активност.

Проблемите со коските се уште еден симптом. За да се поттикне апсорпцијата на калциумот што го внесуваме преку исхраната, на нашето тело му е потребен витамин Д, а тој може да се „активира“ и да ја извршува својата функција само ако има доволно магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *