April 18, 2024

Веројатно сите ги знаете придобивките од редовното консумирање мед, а знаете ли што се случува кога пиете вода со мед, сето тоа на празен стомак?

Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело. Повеќето луѓе се добро запознаени со фантастичните ефекти на медот, но малкумина ги знаат лековитите својства на медената вода. Овој пијалок долго време се користи за ослободување од разни болести како и за козметички цели.

Подготовка, за медена вода доволно е да измешате една кафена лажичка мед во чаша млака вода. Ова дава 30 процентен раствор на мед кој е идентичен во составот на крвната плазма. Медот ја структурира водата и на тој начин ги зголемува нејзините лековити својства, што е научно докажано. Одлично е да се знае дека оваа вода целосно и брзо се апсорбира во телото.

Вака подготвената медена вода го нормализира варењето, го зајакнува имунитетот и се користи во лекување на настинки и бронхитис и обезбедува прочистување на организмот.

Го подобрува имунитетот.Ја зајакнува отпорноста на организмот на бактерии, вируси, габи.
Ја регулира функцијата на цревата. Медената вода се бори против паразитите кои живеат во нашите органи за варење. Не дозволува да се размножуваат и го нормализира функционирањето на клетките на органите за варење.

Активно ја храни кожата. Наутро загрејте ја водата што ја подготвивте синоќа и измијте го лицето, вратот, областа на деколтето. Благодарение на систематското дејство на оваа лековита вода, доаѓа до подобрување на циркулацијата во крвните садови и поактивна исхрана на клетките на кожата.

По миењето, почекајте малку да почне да делува медот, а потоа исплакнете ја кожата со млака вода. Ако вака редовно се миете, вашата кожа ќе стане поздрава, посвежа, поеластична.

Против честото ноќно мокрење. Медот е хигроскопски, собира вода, така што бубрезите и мочниот меур преку ноќ немаат оптоварување и мируваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *