
Можеме да заклучиме дека еврејскиот народ е многу мудар од нивните поговорки и изреки! Ви ги пренесуваме 30 -те најдобри еврејски поговорки , кои не само што се мудри, туку и малку хумористични:




Адам – првиот среќник на овој свет, бидејќи немал суета.
Ако некој проблем може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем, туку трошок.
Плаши се од козата од напред, од коњот одзади и од будалите од сите страни.




Човек мора да живее барем за љубопитност.
Родителите ги учат децата да зборуваат, децата ги учат родителите да молчат.
Јајцата можеби се попаметни од кокошките, но брзо се расипуваат.




Мажите би работеле повеќе ако жените молчат.
Потешко е да се молчи отколку да се зборува добро.
Лошата жена е полоша од дождот: дождот влегува во куќата, а лошата жена излегува од дома.




Боже, помогни ми да се вратам на нозе – можам и сам да паднам.
Ако животот не се промени на подобро – чекај – ќе се промени на полошо.
Колку и да е слатка љубовта, нема да направите џем од неа




Избирајќи меѓу две зла, песимистот ќе ги избере и двете.
Сите се жалат на беспарица, на без мозок – никој.
Кој нема деца, добро ги воспитува.




Искуство е зборот со кој што луѓето ги нарекуваат своите грешки.
Седа коса – знак на старост, а не на мудрост.
Со пари во џеб, мудар си, убав си и убаво пееш.




Онаму каде што Ѓаволот не може сам, таму испраќа вино.
Честа е како млеко: се валка и од најмалата дамка.
Прво пиеме вино, потоа виното пие вино и на крајот, виното нè пие нас.




Ако имате горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.
Господ да те заштити од лошите жени, а од добрите чувај се и самиот.
Кога се чини дека нема излез од ситуацијата, има најмалку четири.




Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.
Научи да молчиш, за да можеш да зборуваш.
Ако сакате да заборавите на вашите деловни грижи, носете чевли два броја помали.