
Неодамна на аеродромот во Сиднеј се случи потресна и трогателна сцена. Видеото од двајцата старци како се гушкаат и плачат го обиколи светот, а приказната зад сето тоа брзо беше откриена.




Браќата Џеф и Тед Нобс се запознале по 77 години, откако Џеф бил посвоен од едно семејство како дете.




Џеф е роден во Обединетото Кралство како најмлад од четирите браќа, а кога имал помалку од две години, нивната мајка починала од рак. Бидејќи таткото не можел сам да се грижи за сите четири сина, го дал Џеф на посвојување, а останатите три ги задржал.




Тој беше посвоен во 1951 година од пар кој се преселил во Австралија кога Џеф имал седум години. Речиси осум децении подоцна, сега како старец, се нашол на аеродромот во Сиднеј за да го пречека својот брат Тед.




Веднаш штом се видоа, тие силно се прегрнаа, а трогателниот момент од нивната средба е забележан на камера.




Видеото оттогаш го обиколи светот, а емотивниот Џеф во него му вели на својот брат: „Како да се видов себеси, помислив дека тоа си ти“. „Запознавањето со Џеф беше прекрасно искуство, навистина неверојатно“, коментира Тед.