February 26, 2024

А кога другите членови на групата ја известиле за што најверојатно се работи, таа останала изненадена.

Една жена која забележала мали црни точки кои се појавуваат во нејзиниот дом, се обратила на Интернет за да си помогне да се утврди што би можело да биде.

На фотографиите кои таа ги објави може да се видат мали црни точки на шпоретот. „Дали некој знае што би можеле да бидат овие точки? напиша таа покрај нив.

„Почнаа да се појавуваат на плочките во кујната како случајни точки, а потоа утрово ова беше на врвот на компјутерот што го имаме во кујната“, додаде таа.

А кога другите членови на групата ја известиле за што најверојатно се работи, таа останала изненадена. Значи, многу е веројатно измет од пајак . Но светлата странае што многу лесно се мие.

„Внимателно погледнете ги ѕидовите на вашата куќа и ако видите нешто необично што личи на дамки од боја, гледате во измет од пајак“, се вели на веб-страницата Animal Hype, управувана од авторката и блогерка Алис Мекдоналд.

Таа наведува дека изметот од пајакот е темен, полутечен и мек. Во зависност од исхраната на пајакот, тој може да има нијанси на црна, кафена, бела или сива боја, пренесува The Sun.

За да се отстрани изметот , се препорачува да се измеша мала количина белило со вода, да се остави течноста на извалканото место 15 минути пред чистење и да се повтори постапката доколку е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *