May 16, 2024

Смоквите се исклучително корисни и свежи и суви, а конзумирањето свежо набрано овошје е луксуз кој не е достапен за секого.

Маслиновото масло и смокви лекуваат бактерии во органите за варење. Смоквите содржат многу калциум, калиум и цинк. Покрај тоа, тие се добар извор на железо, бета каротен, како и многу витамини, како што се витамините Ц, А, Е и К., пишува Аура .

Сепак, мора да бидете внимателни бидејќи сувите смокви се покалорични од свежите. Затоа, тие треба да се консумираат во одредени количини.

Имајте на ум дека смоквите помагаат и при хемороиди, го регулираат холестеролот, а млекото од смокви има способност да ги отстранува брадавиците.

Постои одличен рецепт со суви смокви кои буквално ќе го регенерираат вашето тело.
Корисен ефект на смокви: Помагаат за регулирање на работата на гастроинтестиналниот тракт.Високата содржина на растителни влакна во смокви помага при слабеење и чистење на телото од токсини

Смоквите се богати со калциум кој лесно се апсорбира и е незаменлив за лицата со нетолеранција на лактоза.
Калиумот кој го има во смоквите го зајакнува срцето.

Смоквите содржат голема количина на антиоксиданси, кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје.
Ја подобрува состојбата на кожата и го изедначува тенот.Се смета за одличен лек за несоница и утрински мачнини

Состојки за природен лек од смокви: 40 суви смокви и маслиново масло.
Подготовка: Смоквите ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Покријте со капак и оставете го во фрижидер. По 40 дена, можете да го консумирате овој природен лек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *