February 26, 2024

Close up of smiling woman drinking tea outdoors

Ако имате проблеми со спиењето, ова е вистинскиот чај за вас

Кога сме совладани од замор , несоница, стрес и нервоза, бараме олеснување и помош. Повеќето од нас барем еднаш во животот се соочиле со овие проблеми, а првото нешто што ни паѓа на памет е чај или некој друг пијалок кој ќе не опушти и смири пред спиење.

Коренот од валериан се користи и може да се пие како чај или како есенцијално масло. Маслото од валеријана има поконцентрирана моќ од чајот и доволни се неколку капки, два до три пати на ден. Можете да го пиете чајот по потреба, но некои препорачани дози се до три шолји чај дневно.

Валериан исто така делува бавно, не очекувајте дека после една шолја чај ќе ви исчезнат сите проблеми.

Бидете трпеливи, кога во организмот ќе се создадат доволно залихи на лековити материи од валериан, ќе почувствувате подобрување на вашата општа состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *