December 3, 2023

На интернет има безброј трикови за перење алишта, а еден од најпопуларните е оној со сода бикарбона за белење на алиштата.

Исто така, трикот со ловоровиот лист се покажал како многу ефикасен. Имено, ако ставите неколку ловорови листови во машината за перење, облеката можете да ја вратите во првобитната боја, особено ако се работи за посветла гардероба.

А што е со црната гардероба? Вашата омилена црна облека ја изгубила својата интензивна црна боја поради честото носење и редовното перење, а една од причините е што на неа остануваат траги од детергент. Биберот во зрното ќе го реши тоа, велат експертите.

Во барабанот на машината за перење треба да ставите половина шака зрна црн пипер , и проблемот со избледената гардероба е минато.

Црниот пипер не само што е вистинско богатство на здравјето бидејќи го поттикнува апетитот, го штити здравјето на непцата и го подобрува варењето, туку ја подобрува и вашата дотраена гардероба.

На темната облека можете да и вратите интензивна боја ако истурете четвртина шолја силен чај или кафе во комората за перење. Гардеробата ќе изгледа како нова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *