
Многу ќе уживате во млекото ако го пиете пред спиење. Познато е дека млекото е здраво и за коските, но помалку е познато дека има бројни придобивки ако го пиете пред спиење.




Една шолја топло или ладно млеко ќе ви помогне полесно да заспиете, ќе ви го зајакне сонот, но и ќе ве засити ако огладнете пред да си легнете.




Чаша млеко за поквалитетен сон, Ако имате лесен сон и будење, решението е во една шолја млеко. Многу истражувања покажаа дека млекото може да ви помогне да спиете подобро и да не се будите во текот на ноќта.




Доколку чувствувате несоница или сте изложени на стрес, поради кој лошо спиете, почнете да консумирате млеко секоја вечер.




Млекото содржи мелатонин кој влијае на опуштањето на телото и триптофан кој е одговорен за доброто расположение и мирот.




Млекото особено се препорачува за луѓето кои често се будат во текот на ноќта и сонуваат лоши соништа, како и за оние кои не можат така лесно да заспијат.




Чаша млеко го гаси гладот, Доколку сте гладни во текот на ноќта и морате да станете да јадете нешто, таа навика сигурно ќе ве доведе до дебелеење. Сепак, една шолја млеко пред спиење ќе го реши овој проблем бидејќи стомакот ќе ви биде полн, а нема да имате напад на глад во текот на ноќта.




Млекото на организмот му дава чувство на ситост, а освен тоа полесно ќе можете да ослабете, бидејќи нема да јадете тешка храна пред спиење.




Ако легнете гладни, а цревата постојано ви „грчат“, единствената помисла што ќе ја имате е дали ќе издржите до појадок. Во оваа состојба ви треба повеќе време за да заспиете, но со една шолја млеко ќе го решите овој проблем.