February 24, 2024

Медиумите веќе некое време се интересираат за животот на Кристина Озтурк, Русинката која заедно со сопругот милионер реши да го оствари својот сон за особено големо семејство.

Парот веќе има 22 деца кои се родени благодарение на помошта на сурогат мајки, а за нив секојдневно се грижат 16 дадилки. Сега животот на Кристина многу се промени – Галип Озтурк беше уапсен во мај.

Кристина Озтурк отсекогаш сонувала за големо семејство. Таа се породила на 17 години. Потоа решила да вработи сурогат. Заедно со нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк, таа има 21 дете и едно од нивните први деца, момчето Мустафа е родено на 10 март 2020 година. Таа на својот Инстаграм профил зборува за својот живот под прекарот @batumi_mama.

Таа не криеше дека само за дадилки потрошила над 100.000. долари годишно. „Идилата“ беше прекината со апсењето на Галип под обвинение за фалсификување документи и перење пари. Мажот беше уапсен во мај 2022 година.

„Постојано чекам мојот сопруг да се врати“ Сега Кристина нетрпеливо го чека неговото ослободување од затвор. Меѓутоа, во една неодамнешна објава, таа призна дека и е „тешко да се фокусира на позитивните страни“ додека сè уште чека нејзиниот сопруг да се врати дома. Таа, исто така, им се заблагодари на фановите за поддршката, без да открие дали нивните финансиски околности се промениле поради неговото затворање и дали сè уште можат да си дозволат помош од 16 дадилки.

4.000 долари неделно за пелени. Семејството стана познато во 2021 година кога една жена на Инстаграм ги откри трошоците што таа и нејзиниот сопруг ги имаат за издржување на нивните деца:

За секоја бременост парот плаќал преку 10.000 долари. Кристина троши повеќе од 4.000 долари неделно на основни работи за бебиња, вклучувајќи 20 големи кеси за пелени и 53 пакетчиња млеко во прав.

16 дадилки кои се грижат за своите деца 24 часа на ден, 7 дена во неделата, чинат околу 100.000 долари годишно.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *