May 17, 2024

На наше големо задоволство, овој рецепт ни го испрати г-ѓа Татјана Митрова. Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на слузот е отежнато.

ПОТРЕБНО:1 лажица жалфија,1 лажица ленено семе,1 лажица бел слез,1 лимон исечкан на кругови,250 г шеќер и 250 мл вода.
Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот не се растопи.

Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.

Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата.
Сирупот се чува во фрижидер.

Пред да започнете со користење на народните лекови, консултирајте се со вашиот матичен лекар!

Извор: Нмд.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *