July 18, 2024

Ако вашите банани се веќе доволно зрели и сеуште не сакате да ги јадете, ставете ги во фрижидер за да го забавите нивното созревање.

Корисникот на TikTok Tomato Dave сака да споделува совети за градинарството и ги забавува своите следбеници со трикови за одржување на свежи банани со недели откако ќе ги купите.

Еден трик е да ги завиткате краевите на бананата во фолија за храна. Најдобро е секоја банана да се одвои и нејзините краеви да се завиткаат во фолија, пренесува „Експрес“.
Овој трик го забавува производството на етилен и ги одржува бананите свежи седум дена.

Исто така, многу е важно бананите да се одделат од други овошја и зеленчуци како домати, јаболка, праски и авокадо бидејќи тие го забрзуваат зреењето со ослободување на хемикалија наречена етилен.

Доколку вашите банани се веќе доволно зрели и сеуште не сакате да ги јадете, ставете ги во фрижидер за да го забавите нивното созревање.

Доколку сакате да ги чувате подолго време, тогаш ставете ги во замрзнувач.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *