June 19, 2024

Цел живот не учеа дека ќе добиеме пари само ако работиме напорно и сме вредни, а не мрзливи, меѓутоа, не е само работата што води до богатство, туку има и некои трикови кои би можеле да ни овозможат да се „манифестираме“ на одреден начин.Во одредена мера да го„повикуваме“ успехот, односно психички да се подготвиме за подобрување со помош на мали трикови.

Еве седум едноставни трикови за подобрување на вашата финансиска состојба.

Фенг шуи. Обрнете посебно внимание на југоисточниот дел од вашата куќа. Важно е просторот во овој дел од домот да биде секогаш слободен и да не е натрупан со работи, за да минува непречено енергијата на напредокот.
Препорачливо е во тој дел од домот да чувате само амајлии за фенг шуи за привлекување пари, како „мачка Манеки“ или жаба.

Дрво на пари. Ставете ги растенијата во зоната на просперитет. На овој начин симболично ќе го започнете процесот на раст и напредок.
Постои широк спектар на фенг шуи растенија за кои се вели дека привлекуваат богатство, а има дури и дрво за пари. Сепак, верувањето во фенг шуи ја дава оваа моќ и на домашниот бамбус.

Сад со овошје. Ставете сад со овошје на трпезариската маса, што го симболизира богатството.
Портокалот симболизира просперитет, а се верува дека ја прочистува енергијата во просторот, па затоа строго се препорачува да се чува во чинија со овошје.

Огледалото. Поставете големо огледало спроти трпезариската маса. На овој начин симболично ќе ја удвоите чинијата со овошје, симбол на изобилството.
Внимавајте, влезната врата не смее да се гледа во одразот, бидејќи симболизира одлив на добра и просперитетна енергија.

Користете ја моќта на оган. Според фенг шуи, огнот и изворите на оган, како што се шпоретите и камините, создаваат добра енергија.

Користете ја моќта на бојата. Црвената, зелената, црната и жолтата боја се боите за кои се верува дека ќе привлечат пари во 2022 година.
Дополнително, се препорачува да користите црвена или нијанси како портокалова, виолетова или розова за да ја активирате зоната на богатство.

Организирајте го вашиот паричник. Освен домот, важно е и да го организирате паричникот за да привлечете пари. – одржувајте ги парите и не дозволувајте да се гужваат – наредете ги парите во серија, по вредност
изберете поголем паричник – напишете го вашиот среќен број на лист и ставете го во паричникот – нацртајте знак за бесконечност (хоризонтална осумка) и ставете го во паричникот – веднаш фрлете ги сметките и другите непотребни хартии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *