May 17, 2024

Повеќето луѓе имаат неодолива желба да дремнат после оброк,Зошто? По оброкот, телото се подготвува за варење
Целата негова енергија е насочена кон разградување на храната, се зголемува нивото на шеќер во крвта, се лачи инсулин, а заедно со него и два хормона – серотонин и мелатонин, кои влијаат на појавата на поспаност.

Иако медицината тоа детално го објаснува, лекарите го вклучиле спиењето во седум штетни навики после ручек кои треба да ги избегнуваме.

Еве ја листата: Пушењето е многу поштетно отколку што мислите , бидејќи само една цигара после оброк има ефект да сте запалиле 10. Дигестивниот систем влијае на целиот организам, а никотинот се врзува за кислородот во крвта.

Јадењето овошје веднаш по оброкот е лошо бидејќи долго се задржува во желудникот, па почнува да скапува и испушта отровни гасови кои меѓу другото го поттикнуваат создавањето на целулит. Овошјето треба да се јаде на празен стомак или два часа пред и по оброкот.

Која храна ве заспива,храната која брзо се распаѓа, како што се белиот леб, оризот, компирот, слатките, мрсната храна, дава ненадеен наплив на енергија и потоа заспива. Храната со низок гликемиски индекс, како рибата, живината, житариците, се намирници кои побавно се разградуваат и го задржуваат истото ниво на енергија, па не чувствувате потреба да спиете со неа после ручекот.

Треба да се избегнува и пиење чај бидејќи теинот, главната состојка во чајот, се врзува за железото и го отежнува варењето, што може да биде лошо за анемичните луѓе. Треба да пијат чај најмалку еден час по јадење.

Пливањето и туширањето после оброците воопшто не се добри. Водата ја стимулира и ја зголемува циркулацијата на крвта во телото која му е потребна, но после оброк крвта оди во желудникот каде се одвива варењето, а не на места како рацете и нозете.

Физичката активност е добра по обилен ручек, но по неколку часа. Тренингот го попречува дигестивниот систем кој ги апсорбира хранливите материи од внесената храна. Се препорачува само лесна прошетка.

Лежењето не е добро за варење бидејќи желудечните сокови не можат да си ја завршат работата. Оваа навика може да предизвика стомачни тегоби. За да не се чувствувате уморни после јадење, важно е рамномерно да се распределуваат главните оброци и закуски, да се користи храна со низок гликемичен индекс и да се избегнува прејадување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *