June 19, 2024

Една од најтажните фотографии е направена по атомскиот напад на Нагасаки во Јапонија во 1945 година. Приказната зад неа потсетува на јапонската аниме драма „Гробишта на светулките“ од 1988 година.

На фотографијата се гледа како јапонско момче го носи телото на својот помлад брат кој загина во бомбардирањето. Крематориумот бил неколку стотици километри надвор од градот, а ова момче пешачело со денови за да стигне таму. Фотографот Џо О’Донел, кој го овековечи моментот, напиша во својот дневник:

„Видов момче на околу десет години. Носеше дете на грб. Во тие денови во Јапонија, често гледавме деца како си играат со своите мали браќа или сестри на грб, но ова момче беше очигледно различно. И можевме да видиме дека дошол на ова место од сериозна причина. Немаше ни чевли. Лицето му беше сериозно, но без премногу емоции, а зад грб му се гледаше мала глава…навалена наназад како детето само да спие.

Момчето стоеше неподвижно пет или десет минути, а потоа му пријдоа мажите со бели маски и тивко почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше брат му. Тогаш видов дека детето е веќе мртво. Момчето стоеше мирно, не мрдајќи набљудувајќи го процесот на кремирање. Толку силно ја гризна долната усна што блисна од крв.

Тогаш чуварот го прашал за телото и рекол: „Дај ми го товарот што го носиш на грб“.
Момчето само тивко му одговори: „Не е тежок, тој ми е брат“.

Потоа се помоли, го фрли последниот поглед на својот брат и без збор се сврте и замина засекогаш!“
Џо О’Донел беше на официјална задача, да ја документира штетата предизвикана во Јапонија од воздушните напади и атомските боmби.

Тој помина седум месеци во 1945 година на официјално патување во Западна Јапонија и го следеше уништувањето, броеше живи, мртви, ранети, бездомници и сираци. Сликата што ја сними е дел од страдањата…

На фотографијата се гледа како момче стои исправено, а на грб го носи својот мртов брат.
Ставот на момчето покажува воено влијание, а неговиот обид да изгледа храбро во моментот кога срцето му се крши е олицетворение на духот на поразената нација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *