July 19, 2024

Наталија Куњецова е повеќекратна шампионка во кревање тегови и деновиве е во Црна Гора на Отвореното првенство на Црна Гора

Наталија Кузњецова има 31 година и потекнува од Русија, од градот Чита, а попозната е по прекарот „руски Амазон“. Нејзината популарност е огромна, особено на социјалните мрежи каде секојдневно го покажува своето неверојатно тело.

Имено, Наталија е висока 173 сантиметри, а нејзината тежина варира од 90 до 102 килограми. Неверојатен факт е дека нејзиниот бицепс е широк 51 сантиметар, а ширината на градите е 130 сантиметри.

„Сега веќе сум навикната на славата, многу луѓе ме препознаваат на улица, а тоа се случува каде и да се појавам“, кратко прокоментира таа пред неколку години.

Во светот на бодибилдингот влегла како 14-годишна со цел да си ја зголеми самодовербата, но набрзо се заљубила во теретаната и почнала професионално да се натпреварува. “Не сонував за кариера како професионален спортист.

Како и многумина, одев во теретана без посакувана цел, но по три месеци мојот тренер ме праша дали сакам да учествувам на натпреварот”, се присетува бринетата.

Нејзиниот сопруг Владислав (45) кој го запознала пред 13 години и е голема поддршка. Воопшто не му пречи што сопругата е посилна од него.

Погледнете повеќе од нејзините фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *