June 25, 2024

Доколку дома имате бајат леб, може да направите пица од стар леб.

Потребни состојки:Еден леб, 150 мл млеко, 150 мл кисела вод, 4 лажици кечап, 200 г шунка, 2 свежи колбаси
половина црвена пиперка, 200 г кашкавал, лажичка оригано, лажичка сув зачин, 10 маслинки без коска

Начин на подготовка: Исечете го лебот на подебели парчиња. Извадете ја внатрешноста на колбасите и испржете ја на малку масло,

Млекото измешајте го со кисела вода, па половина од сместа ставете ја во намрсена тепсија и наредете ги лепчињата.
Посипете со остатокот од млеко и вода, нека потстои неколку минути додека лебот малку не омекне. Кечапот измешајте го со оригано и сув зачин, па премачкајте го лебот.

Исечканата шунка, пржениот колбас, исечената пиперка на коцки и маслинките измешајте ги и ставете ги преку лебот. Одозгора нарендајте кашкавал

Печете на 180 степени додека кашкавалот не се стопи и зарумени.

Пријатен ручек!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *